Транспаренси: Само третина од учесниците на локалните избори поднеле извештај за донации во изборната кампања

Date:

Транспаренси Интернешнл – Македонија, во рамки на редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, во септември регистрираше повеќе „матни“ настани.

Од нив се издвојува извештајот за примени донации од политичките партии за изборната кампања, каде што само една третина од вкупниот број учесници поднеле извештај, како и проширувањето на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Само третина од учесниците во изборната кампања поднеле извештаи за донации – Извештаи за примени донации доставија 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). „Согласно рокот за доставување на Извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања, за период од отвoрање на сметката до 11-от ден од изборната кампања односно заклучно со 9 октомври 2025 година до 24 часот, до ДКСК се доставени вкупно 61 извештаи, што изнесува нешто над 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборниот процес“, соопштија од ДКСК, пишува во извештајот на Транспаренси.

Од матните настани исто така се потенцира дека поради нови докази, Обвинителството ја прошири истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, чие судење е закажано за 19 ноември во 9:30 часот, во специјалната судница во КПУ „Идризово“.

„Се шири истрагата за „Пулс“ – УЈП суспендираше неколкумина вработени, откако Јавното обвинителство води предистрага за пожарот во дискотеката во Кочани со нови докази, со која се опфатени повеќе институции. „Со поднесувањето на обвинението за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, не завршија и истражните постапки за други инкриминирачки дејствија поврзани со други лица и институции“, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Во однос на владеењето на правото, од Транспаренси посочуваат дека сме во процес на стагнација и сме на 64. место, во друштво со Гана, Аргентина, Казахстан и Монголија.

„Владеењето на правото во Македонија стагнира – Македонија годинава е на 64 место од вкупно 143 земји на светската листа за владеење на правото, во друштво со Гана, Аргентина, Казахстан и Монголија. Според критериумот ограничување на моќта на властите, земјата е на 80 место со оценка 0,50, според отсуството на корупција на 69. место со индекс 0,47, а според транспарентност на Владата на 66 место со оценка 0,51. Според основните права на 53-та позиција со оценка 0,63. Кога станува збор за критериумот ред и безбедност, Македонија на 44-то место со оценка 0,80, според спроведување на регулативи на 89-та позиција со 0,46, според граѓанска правда на 78 место со индекс 0,51 и според кривична правда на 70 место со 0,46 поени. Проектот на Светскиот проект за правда (World Justice Project) Индекс на владеење на правото е светски извор на оригинални, независни податоци за владеење на правото и алатка за унапредување на реформите за владеење на правото, глобалниот развој и деловните инвестиции низ целиот свет“, се вели во извештајот.

Транспаренси го потенцира и настанот во кој Судскиот совет минатиот месец го разреши апелациониот судија Енвер Беџети, кој лани беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради сомнеж за земање мито при судскиот процес за прислушување во кој беше обвинетиот ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

„Разрешен апелацискиот судија Енвер Беџети кој беше ставен на американската црна листа – Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети од Апелацискиот суд Скопје. Тој лани се најде на црната листа на САД под сомнежи дека зел мито за судскиот процес за масовното прислушување во кој беше обвинет поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Во образложението на советот пишува дека е разрешен поради потешка дисциплинска повреда со што тој е недостоен за функцијата – судија“, пишува Транспаренси.

Од друга страна, во категоријата „бистри“ настани, организацијата ги вклучи: Истрага за злоупотреби и малтретирање во приватни установи за сместување стари лица, новaта истрага за злоупотреби во РЕК Битола, одредени мерки притвор за шестмина и мерки на претпазливост за петнаесет приведени во случајот со прилепската болница и кривична пријава против поранешен раководител во ЈП „Национални шуми“ – Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...