Трамп ќе нареди објавување на владини „досиеја“ за НЛО и вонземјани

Date:

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе им наложи на федералните владини оддели и агенции да „лоцираат и објават“ досиеја за… вонземјани и неидентификувани летечки објекти (НЛО), нешто што, според него, некои Американци го бараат со децении.

„Со оглед на огромниот интерес што е изразен, ќе му наложам на секретарот за војна (Пит Хегсет) и на сите други релевантни оддели и агенции да го започнат процесот на лоцирање и објавување на владини записи поврзани со вонземски живот, неидентификувани воздушни феномени и неидентификувани летечки објекти“, рече тајкунот преку Трут сошал.

Претходно, републиканецот го обвини својот демократски претходник Барак Обама за откривање „класифицирани информации“ кога за време на еден поткаст, веројатно на шега, рече дека вонземјаните навистина постојат.

„Не знам дали (вонземјаните) се вистински или не“, меѓутоа, поранешниот демократски претседател „направи огромна грешка“, рече републиканскиот тајкун, кој никогаш не пропушта можност да го критикува својот претходник и неодамна пушти видео на Трут сошал – пред да го повлече – на кое тој, заедно со неговата сопруга, беа прикажани како мајмуни, предизвикувајќи бура од реакции.

На крајот од поткастот што се емитуваше за време на викендот, Барак Обама одговори на прашање за постоењето на вонземјани: „Тие навистина постојат, но јас не сум ги видел“.

Тој додаде дека, доколку нему му е познато, не постои „подземен објект“ што се користи за прикривање на нивното постоење – мислеше на Областа 51, базата на американските воздухопловни сили во Невада, предмет на бескрајни теории на заговор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...