Трамп воведе царина во висина од 10 проценти и за увозот на стока од Кина. Извршниот указ вклучува и заштитни клаузули што може да водат до дополнителни царини, доколку земјите извознички решат да возвратат со исти мерки, што повеќе држави веќе најавија дека ќе го направат.
Трамп кажа дека царините имаат за цел да ги присилат најголемите трговски партнери на САД да го смалат приливот на мигранти и фентанил во САД, како и да го смалат трговскиот дефицит и да им обезбедат помош на производителите, за да се отвораат домашни фабрики.
Царините ќе стапат во сила во вторник, 4-ти февруари. Тие не предвидуваат отстапки за одредени индустриски гранки, како на пример за производството на автомобили. Единствено увозот на нафта и гас од Канада ќе биде оптоварен со царина од само 10 проценти.
Директорите од индустријата, аналитичарите и трговските здруженија, уште пред неколку седмици предупредија за последиците, што царините за Канада и Мексико можат да ги предизвикат за автомобилскиот сектор во целиот регион.
„Ги повикуваме сите страни да постигнат брза резолуција со цел да се постигне јасна слика и стабилност за целата автомобилска индустрија во САД,“ порача Џенифер Сафавијан, извршна директорка на Аутос Драјв Америка, коајшто ги застапува странските производители на пазарот во САД.
„Производителите во САД ќе имаат поголема корист од политика што им ги смалува бариерите на производителите, ја олеснува регулативата што ја ограничува продукцијата и создава повеќе можности за извоз – за таква политика се надеваме дека ќе соработуваме со претседателот Трамп,“ порача Сафавијан во соопштението од 1-ви февруари.
Преселувањето на производството од Канада и Мексико во САД, ќе биде тежок предизвик за автомобилското производство во Северна Америка, кога ќе се има предвид дека секој модел има одреден број години во коишто е предвидено да се произведува, како и дека станува збор за огромен капитал и сложена верига од добавувачи на компоненти за автомобилските фабрики, коишто се поврзани едно со друго.
Аналитичарите предвидуваат дека главнината од зголемените трошоци ќе ја префрлат врз купувачите, а тоа значи дека просечната цена на автомобил ќе се зголеми за неколку илјади долари. Помалите добавувачи коишто заработуваат помалку, нема да бидат во состојба да ги покријат зголемените трошоци, а тоа може да доведе до појавување на кусок од делови, поради што фабриките ќе мора да се стават во мирување, вклучувајќи ги и фабриките во САД.
Во зависност од тоа како ќе одговорат производителите на автомобили, царините можат да влијаат врз снабдувањето и/или врз цените за некои од најпродаваните модели на пазарот, како големите пикапи на Шевроле, Џи Ем Си и Рам, или Тојота РАВ4, најпродаваниот СУВ во САД, и Такома, најпродаваниот пикап од средна големина.
Меѓу останатите модели што се произведуваат во Канада или Мексико се Форд Мастенг Мах-Е, Бронко Спорт и Маверик, Шевроле Еквинокс и Блејзер, Џи Ем Си Тереин, Хонда ХР-В, Сивик и ЦР-В, Хјундаи Тусон, Ауди Ку 5 и Фолксваген Џета, Таос и Тигуан.
„Тешки последици“ за автомобилската индустрија
МЕМА, трговска организација што ги застапува добавувачите во САД, побара администрацијата на Трамп да ги укине царините за Канада и Мексико.
Во своето соопштение, МЕМА порачува дека зголемените царини ќе имаат „тешки последици врз добавувачите на автомобилската индустрија во САД, загрозувајќи ги работните места, зголемувајќи ги цените за купувачите и поткопувајќи ја високо интегрираната верига на добавувачи во Северна Америка, што е клучна за САД да биде конкурентна.“
Поради царините, помалку ќе се вложува во автомобилскиот сектор во САД и „ќе се поттикнат отпуштања во целата индустрија“, порачуваат МЕМА. Со нив ќе се запре и напредокот што производителите во Северна Америка го постигнаа за да ја смалат зависноста од Кина и ќе го смалат интересот за вложување во напредни технологии во домашните компании.
Царините „значително ќе ги зголемат цените на клучните компоненти во автомобилите, и сите тие дополнителни трошоци ќе треба да ги плаќаат купувачите,“ објаснуваат од МЕМА. „Во време кога инфлацијата е главната грижа, такви царини дополнително ќе го оптоварат домашниот буџет и автомобилскиот сектор повеќе нема да може да нуди автомобили по достапна цена.
Тројката од Детроит е загрозена од царините
САД во 2024 година увезоа 3,6 милиони возила од Канада и Мексико, што е 22 проценти од вкупата продажба на автомобили. Покрај тоа, голем број делови што се вградуваат во возилата може да ја минат границата и седумпати, пред возилото да биде комплетно.
Тројката од Детроит е меѓу производителите што најмногу ќе бидат погодени од царините.
Стелантис увезе од Мексико околу 23 проценти од возилата што ги продаде во САД, уделот кај Џенерал Моторс е 22 проценти, односно 15 проценти кај Форд. Единствено Нисан (27 проценти) и Фолксваген (43 проценти) се повеќе изложени на зголемени трошоци од новите царини.
Најмалку ќе трпи Тесла. Три модели на Тесла се во Топ 10 модели на Царс.цом индексот на возила што се произведени во САД. Индексот се одредува според уделот на компоненти што потекнуваат од САД. Три модели на Хонда исто така се во Топ 10.
Царините и заштитните механизми ќе бидат погубни за автомобилското производство во САД, кажува Флавио Волпе, претседател на Здружението на производители на делови за автомобили во Канада.
„Не може да се произведе автомобил без сите делови,“ порачува тој. „Деловите не се продаваат во Волмарт. Тоа се модели во коишто е вложено многу инженеринг. Добавувачите работат бизнис што бара голем капитал, висока технологија, и ништо од тоа што го кажува Доналд Трамп, не може да го промени фактот дека тој со чкрипење ќе ја сопре сопствената индустрија.“
Новите автомобили ќе поскапат
Мошне е извесно дека производителите ќе ги префрлат своите зголемени трошоци врз цената што ќе треба да ја платат купувачите. Според Волв Рисерч, просечната цена на возило произведено во САД ќе се зголеми за околу 3.000 долари. Тој износ ќе биде уште поголем за возила што се произведени во Канада или Мексико, вклучувајќи мотори и менувачи што исто така се произведени таму.
Царините за Кина исто така ќе доведат до поскапувања во автоиндустријата во Северна Америка.
Индустријата има голема зависност од Кина од којашто увезува суровини и преработки, како и ретки метали, посебно такви што се користат во електричните возила. Голем број помали делови во автомобилите исто така потекнуваат од Кина.
Трамп најавува уште царини
Трамп соопшти дека претстојат уште царини, вклучувајќи увозни царини за европска стока, како и за челик, алуминиум и бакар, за лекови и микрочипови.
Канада состави список од мерки за да возврати на царините на САД, вклучувајќи меѓу другото царина за сок од портокали од Флорида. Сите ставки на списокот постигнуваат вредност од преку 100 милијарди долари, меѓутоа властите прво ќе се обратат до јавноста, пред да се воведат мерките. Исто и претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, повикува да се „почека со мирна глава“ и подготвена е да преговара со Трамп.
Во 2026 година претстои ревизија на трговската спогодба САД-Мексико-Канада, коајшто Трамп ја стави во сила при својот прв мандат. Новата администрација најави дека има намера да спречи Мексико да биде задна врата за кинеските производители да ги пласираат своите возила во САД, преку монтажата на возила во мексикански фабрики.