Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави синоќа дека примил повеќе совети после претседателските избори во 2020 година и дека одлуката да го оспорува резултатот била негова.

 -Тоа беше моја одлука, но слушав некои луѓе, изјави Трамп во интервјуто за Ен-би-си.

 За оспорувањето на изборите и за неговите тврдења дека постоел заговор тој да изгуби подигнато е федерално обвинение против Трамп од специјалениот обвинител Џек Смит.

Во едно од обвиненијата се вели дека Трамп знаел дека неговите тврдења за изборите се лажни откако бил совеуван од многу непосредни советници дека тој изгубил, но сепак ги ширел тврдењата за да изгледа дека се легитимни, а сето во служба на наводен злосторнички заговор против него.

 Трамп сепак, во сите во сите случаи што се водат против него се изјасни за невин и дека не направил ништо незаконски.  -Слушнав (совети) од различни луѓе и заклучокот беше дека изборите се наместени.

Знаете кого слушав. Себеси. Видов што се случи, рече тој, бранејќи ја старата позиција дека изборите биле наводно лажни.

 Во време кога е обвинет за неговите напори да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, Трамп води кампања за реизбор на гласањето за претседател на САД идната година во ноември.

 Во интервјуто рече дека не ги слушал помошниците и адвокатте кои го советувале дека ги изгубил изборите.  -Ги вработуваш, но никогаш не ги среќаваш овие луѓе за кои добиваш препораки.

Излегува дека тие се „рајнос“ (RINOs Republicans in name only). Или не се толку добри. Во повеќето случаи не ги почитувам. Но ги почитував останатите.

Многу други кои рекоа дека изборите се наместени, изјави Трамп.  Еден од најсериозните тужби против него за мешање во изборите е онаа од сојузната држава Џорџија.

Како што се дозна од протечена снимка од телефонски повик, тој извршил притисок врз државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер, да направи „пребројување“ на резултатот и да „најде“ доволен број гласови за да победи во таа држава.

 Според Смит, кампањата на Трамп исто така се обидувала да постави неколку лажни републикански електори во седум клучни сојузни држави.

 Трамп е соочен со федерално судење закажано за почетокот на март, 2024 година.