Трамп нареди објавување на сите документи за убиствата на Џон Кенеди, Роберт Кенеди И Мартин Лутер Кинг

Date:

Доналд Трамп им нареди на официјалните лица да подготват планови за декласифицирање на документите за убиствата на Џон Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

„Многумина луѓе го чекаа ова долго време, со години, со децении. Се ќе биде објавено“, кажа Трамп, потпишувајќи ја извршната наредба.

Во наредбата стои дека план за објавување на документите мора да биде презентиран во рок од 15 дена.

Претседателот Џон Кенеди беше убиен во Далас во 1963, а пет години подоцна беше извршен атентат врз неговиот брат Роберт Кенеди, чиј син Роберт Џуниор е министер за здравство во владата на Трамп. Во 1968 беше убиен и Мартин Лутер Кинг.

Многу документи поврзани со овие истраги беа објавени во меѓувреме, но илјадници и натаму остануваат недостапни за јавност, особено оние во врска со атентатот врз Џон Кенеди. Владина комисија утврди дека атентаторот Ли Харви Освалд делувал сам, но бројни неодговорени прашања продолжија да го обременуваат овој случај.

Во 1992, Конгресот усвои закон за објавување на сите документи од истрагата во следните 25 години. И Трамп и Џо Бајден објавија голем број документи, но илјадници и натаму се делумна или јавна тајна.

Роберт Кенеди беше убиен од Палестинецот Сирхан Сирхан, а Мартин Лутер Кинг од белиот националист Џејмс Ерл Реј, но останаа сомнежи дали тие делувале сами.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...