Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини

Date:

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на групата БРИКС на економии во развој со царини од 100 отсто доколку се оддалечат од американскиот долар како меѓународно платежно средство.

„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

„Ние ќе бараме посветеност од овие навидум непријателски земји дека нема да создадат нова валута БРИКС, ниту да поддржат друга валута што ќе го замени моќниот американски долар или, тие ќе се соочат со царини од 100 проценти и треба да очекуваат да се збогуваат со продавање во прекрасната американска економија“, истакна Трамп.

Акронимот БРИКС е изведен од почетните букви на земјите основачи Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. На почетокот на 2024 година, Иран, Етиопија, Египет и Обединетите Арапски Емирати се приклучија на БРИКС, додека Индонезија се приклучи на почетокот на јануари.

Групата има за цел да дејствува како противтежа на Групата седум (Г7) водечки западни економски сили.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано ја критикува доминацијата на американската валута и ја објави својата намера да воспостави независен систем за плаќање и клиринг во рамките на сојузот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...