Трамп: Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот свет

Date:

СВЕТТрамп: Да бев претседател, ќе имаше мир во целиот светОбјавено пред 11 минути – 29 јануари, 2024Од В. Ј. / Макфакс

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера тврдеше дека „слабоста и предавањето“ на претседателот Џо Бајден се виновни за смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан во кој загинаа тројца американски воени лица.

Во објавата на „Truth Social“, Трамп се осврна на, како што рече, „дрскиот“ напад со беспилотно летало во Јордан во саботата.

„Нападот со беспилотно летало врз американска база во Јордан, во кој загинаа тројца американски воени лица и многу други беа повредени, означува ужасен ден за Америка. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на храбрите војници што ги загубивме“, напиша Трамп.

„Ги замолувам сите Американци да ми се придружат во молитвата. Овој дрзок напад врз Соединетите Американски Држави е уште една ужасна и трагична последица на слабоста и предавањето на Џо Бајден.“, продолжи тој.

Во посебна изјава објавена од кампањата на Трамп во неделата, поранешниот претседател го пофали неговото однесување со Иран додека беше во Белата куќа.

„Пред три години Иран беше слаб, банкротиран и целосно под контрола. Благодарение на мојата политика на максимален притисок, иранскиот режим едвај собра два долари за да ги финансира своите терористички сојузници“, напиша Трамп. „Потоа дојде Џо Бајден и му даде на Иран милијарди долари, кои режимот ги искористи за да шири крвопролевање и масакр низ Блискиот Исток.

„Овој напад никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател, исто како што никогаш немаше да се случи нападот на Хамас поддржан од Иран, никогаш немаше да се случи војната во Украина и сега ќе имавме светски мир. Наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна“, напиша Трамп.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...