Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за „Република“  најавува дека ќе бидат проверени сите пасоши дадени на светски криминалци и нарко босови во време на неговиот претходник. За време на власта на СДСМ околу 200 лица добија наши пасоши а со акцијата „Двојник“ беа уапсени само неколку „ситни риби“.

Тоа е една од работите кои ќе треба да се истражат во детали во следниот период.За овој случај имаше една акција во која одговараа само ситни риби.Ќе бидат проверени и тие пасоши.Нека не се грижат македонските граѓани, после осми мај кога ќе имаме нормална влада ќе се проверат сите овие работи.Сѐ ќе се расчисти-ветува министерот.

Пред неколку дена беа уапсени убијците на водачите на Шкаљарскиот клан, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои во 2020 година беа ликвидирани во ресторан во Атина со македонски пасоши во себе. Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.

Српската полиција објави и пресретната „Скај“ комуникација на Стефан Ѓукиќ со неговиот шеф Радоје Звицер во која му се жали дека се пуштени низ вода“.

Ликвидаторот Ѓукиќ како Македонец беше Каче Герги.

Јовица Вукотиќ,oдносно Ѓорги Андонов, водачот на Шкаљарскиот клан нема да треба да доаѓа да го менува македонскиот пасош бидејќи беше убиен во Инстанбул минатата година.