Тошковски: За 33 помалку загинати на патиштата, годинава животот го загубиле 84 лица, лани 117

Date:

ројот на загинати во сообраќајни несреќи во Македонија бележи значително намалување. Во првите десет месеци од 2026 година животот го загубиле 84 лица, наспроти 117 во истиот период минатата година, што е намалување за 33 жртви. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот од 2026 до 2030 година.

Тошковски посочи дека во изминатите 35 години на македонските патишта годишно во просек загинувале околу 150 лица, што, според него, ја нагласува потребата од системски пристап кон подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.

Тој им се заблагодари на граѓаните за посовесното однесување во сообраќајот, оценувајќи дека тоа, заедно со активностите на институциите, превентивните кампањи и поддршката од компаниите и граѓанските организации, придонело за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви.

Новата Национална стратегија предвидува до 2030 година бројот на загинати во сообраќајни несреќи да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година. Документот се темели на принципот „Секој живот е важен“, а предвидува координирани активности за превенција, едукација, подобрување на сообраќајната култура и примена на современи технологии.

На промоцијата, министерот информираше и дека Министерството за внатрешни работи е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на Светскиот полициски самит во Дубаи, заедно со полициски служби од Сингапур и Обединетите Арапски Емирати.

Тошковски порача дека за натамошно намалување на бројот на жртви се неопходни заедничка одговорност, почитување на сообраќајните правила и континуирана посветеност на институциите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...