Манчестер Сити и Тотенхем го потврдија трансферот на Савињо, кој кариерата ќе ја продолжи во лондонскиот клуб. Станува збор за исклучително богат трансфер од финансиски аспект – „граѓаните“ ќе добијат 75 милиони фунти фиксна отштета, плус дополнителни 10 милиони фунти преку бонуси, од кои 5 милиони се сметаат за лесно достижни.
За споредба, Манчестер Сити пред две години го доведе Бразилецот од Троа за само 21,3 милиони фунти.
Висината на трансферот е изненадување за многумина, особено ако се земе предвид дека Савињо минатата сезона најчесто беше резерва во Премиер-лигата. Тој започна само шест натпревари како стартер, а сезоната ја заврши со само еден постигнат гол.
Савињо го напушта „Етихад“ по 84 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и запиша 16 асистенции. Во тој период успеа да освои и три трофеи.
Тотенхем, пак, пред трансферот на Савињо веќе потроши повеќе од четвртина милијарда фунти. Лондонскиот клуб плати 100 милиони фунти за Сандро Тонали, 85 милиони за Матеус Фернандеш од Вест Хем и повеќе од 50 милиони за Јан Пол ван Хеке од Брајтон.
Во исто време, како слободни агенти во клубот пристигнаа Маркос Сенеси од Борнмут, Мартин Дубравка од Барнли и Енди Робертсон од Ливерпул.
Меѓутоа, трансфер активностите на двата клуба не завршуваат тука. Манчестер Сити и Тотенхем продолжуваат со преговорите за уште еден фудбалер – Омар Мармуш, кого „петлите“ сакаат да го доведат во своите редови.





