Том Хенкс се чувствува уверен дека може да се справи со негативните рецензии за неговиот дебитантски роман.
66-годишниот актер е горд на The Making of Another Major Motion Picture Masterpiece („Создавањето на уште едно големо филмско ремек-дело“) – кој е инспириран од неговата кариера во Холивуд – и инсистира дека нема да биде вознемирен од негативни рецензии.
Ветеранот филмска ѕвезда изјави за британски Би-би-си дека станува сè посилен и не се плаши да биде растргнат од критки.
Во својот роман, Том говори за филмските ѕвезди како „плачливи бебиња, алкохоличари што апстинираат од пиење или дрогирање, излечени зависници“.
Актерот, исто така, откри дека се противи на адаптирање на класичните книги за модерната публика, откако романите на Јан Флеминг и Агата Кристи неодамна беа изменети од нивните издавачи.

„Јас сум на мислење дека сите ние овде сме возрасни. Ајде да веруваме во нашата сопствена чувствителност, наместо некој друг да одлучува што смее или што не смее да нè навреди,“ објасни тој.
„Дозволете јас да одлучам што ме навредува, а што не.“ Се противам на читање каква било книга од која било ера која вели ‘скратено поради современите чувствителности’.“