Холивудската мегазвезда Том Круз пристигна во Кан за да го промовира новото продолжение „Невозможна мисија“ на 78. издание на најпрестижниот европски филмски фестивал.
Неговото доаѓање во Кан предизвика голема врева на улиците, а актерот пристигна со голем стил, мавтајќи им на обожавателите низ прозорецот на црн автомобил.
Кога излезе од автомобилот, 62-годишниот Том ги поздрави фановите и порача дека е среќен што пристигнал во Кан.



