Том Круз во незгодна ситуација: Актерот по грешка ќе влезел во автомбилот на британскиот премиер

Date:

Холивудската ѕвезда Том Круз се најде во незгодна ситуација откако слета на хелиодром во лондонската населба Батерси и по грешка се упати кон автомобилот наменет за британскиот премиер Риши Сунак.

На социјалните мрежи се појави видео од оваа интересна ситуација. Имено, познатиот глумец, облечен во светло сива поло маица и црни панталони, тргнал кон автомобилот, но потоа сфатил дека тој не е наменет за него, па се упатил кон другото возило, поздравувајќи ги обожавателите. Потоа, британскиот премиер влегол во автомобилот наменет за него.

Видеото за кусо време собра 8,7 милиони прегледи и бројни коментари на сметка на Круз, но и на Сунак.

„’Невозможна мисија’ е добар слоган за изборната кампања на Сунак“; „Едниот од нив е на невозможна мисија, а другиот е Том Круз“, гласат дел од шегите.

Инаку, актерот го поминува времето во Лондон на снимањето на најновиот дел од филмот „Невозможна мисија“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...