На 19.05.2023 околу 23.18 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на железничка пруга во атар на с.Негорци, гевгелиско, товарен воз на Железници на Северна Македонија, кој сообраќал на релација Трубарево – Гевгелија, удрил во машко лице мигрант.
Притоа, лицето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Гевгелија. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.