„Ти си сè она што некогаш сум го барал“: Даниел Кајмакоски се ожени по втор пат

Date:

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски , победник на првата сезона на шоуто на таленти „ Х – Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, откри дека се венча со неговата сакана, чие име не се открива, а засега не е познато дали двојката направила свадба.

Со објава на Инстаграм Стори, Даниел Кајмакоски сподели дека стапил во брак со неговата сакана.

Тој ги сподели првите заеднички фотки со неа во септември минатата година.

Околу еден месец подоцна, тој сподели уште една објава, а во описот истакна:

„Ти си сè она што некогаш сум го барал“.

Поп-пејачот во 2019  по три години брак се разведе од манекенката Кристина Димитријевска со кого го има синот Давид.

Кајмакоски, во 2016, победи во третата сезона на познатото балканско шоу „Твое лице звучи познато“. Родум од Мислешево, Струшко, поголемиот дел од детството и младоста со родителите живеел во Виена.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...