Сопругата на пејачот Џастин БиберХејли Бибер викендов присуствуваше на свадбата на нејзината пријателка Стефани Шеферд, која стапи во брак со Лери Џексон, во Беверли Хилс.

Иако Хејли Бибер беше облечена во многу убава и елегантна креација, многумина ја искритикуваа поради бојата на нејзиниот фустан. Имено, постои непишано правило дека гостинките на свадбените прослави треба да ја избегнуваат белата боја за нивните модни комбинации, бидејќи таа боја е резервирана за невестата и нејзината венчаница.

Хејли Бибер објави неколку фотографии во елегантниот фустан со отворен грб, покажувајќи ја својата одлична фигура.

Но, тоа не беше доволно за да ги избегне негативните критики на Инстаграм.

„Чекајте, дали таа облекла бел фустан на туѓа свадба? Не ми се верува“, „Зошто таа носи бело на свадба?“, „Облечена во бело на туѓа свадба? Класична злобна девојка“, гласат дел од коментарите.