Тиквички полнети со моцарела

Date:

Кога едноставните состојки ќе се спојат на вистински начин, се создава магија што мириса на топол дом и летна трпеза. Овие тиквички полнети со моцарела се токму такво уживање — крцкави однадвор, со златна ароматична коричка, а одвнатре исполнети со растопено сирење што нежно се развлекува со секој залак. Мирисот на мајчина душичка и крцкавата обвивка буди апетит уште додека се печат, а лесниот јогурт сос со лимон додава свежина што совршено го заокружува вкусот. Идеални се како лесен ручек, вкусно мезе или впечатливо предјадење кое сите ќе го побараат повторно.

Состојки за тиквичките:

  • 2 тиквички
  • 2 јајца
  • 250 грама моцарела
  • 150 грама брашно
  • 150 грама презла
  • маслиново масло
  • неколку гранчиња мајчина душичка
  • 1/2 лажица лук во прав
  • 1 лажица црвен пипер
  • сол и бибер по вкус

За сосот:

  • 150 г грчки јогурт
  • 1 лажица сок од лимон
  • малку рендана кора од лимон
  • сол и бибер по вкус

Тиквички полнети со моцарела

Подготовка:

Тиквичките исечете ги на тенки листови по должина со помош на нож или лупалка. Посолете ги и оставете ги околу 10 минути за да пуштат течност и да омекнат. Потоа избришете ги со хартиена салфета.

Подгответе три сада: во првиот ставете брашно, во вториот изматени јајца, а во третиот измешајте презла, ситно сечкана мајчина душичка, лук во прав, црвен пипер, сол и бибер.  Секој лист тиквичка најпрво валкајте го во брашно, потоа во јајце, а на крај во ароматичната смеса со презла. На почетокот од секој паниран лист ставете парче моцарела и внимателно завиткајте во ролничка.

Ролничките наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора попрскајте со малку маслиново масло. Печете во претходно загреана рерна на 220°C околу 15 минути, додека добијат крцкава и златна коричка.

За сосот, измешајте ги грчкиот јогурт, сокот и кората од лимон, па зачинете со сол и бибер по вкус.

Послужете ги тиквичките додека се топли, за моцарелата да остане совршено кремаста, заедно со ладниот јогурт сос кој му дава освежителна нота на секој залак.

На здравје!

Извор: bobesbakery.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мира Андреева е победничка на Роланд Гарос

Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева ја освои својата прва...

Иднината на Филип Кузмановски: Азиска авантура и европски амбиции

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се наоѓа во клучна фаза од кариерата,...

Нова ескалација на војната во Персискиот Залив

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за...

ОПТИМИСТ СУМ ЗАТОА ШТО САМО ЈАС ИМАВ БИЛАТЕРАЛНИ СОСТАНОЦИ СО МАКРОН И МЕРЦ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот...