Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс шест кола не знае за победа

Date:

Тиквеш забележа убедлива победа од 3-0 над Брегалница во деветтото коло од ПМФЛ, додека Силекс продолжи со слабите резултати, ремизирајќи 1-1 на гостувањето кај Арсими.

Кавадарчани ја најавија победата уште во првото полувреме. Лавал погоди во третата минута, а Темелков си постигна автогол во 16. минута. Конечниот резултат го постави Лусианињо во 85. минута, по втората асистенција на Теодор Николовски, кој беше прогласен за играч на натпреварот. Со новите три бода, Тиквеш останува на третото место и продолжува да се бори за излез во Европа.

На дуелот во Гостивар, Силекс поведе во 47. минута со автоголот на Џемаили, но Арсими брзо возврати преку Ебрима Гаје во 53. минута. Двата тима имаа шанси за победа, но голманот на домаќините, Дејан Силјановски, со одличните интервенции беше еден од најзаслужните за освоениот бод.

За Силекс ова беше шести натпревар по ред без победа, со три порази и три ремија, па кризата во тимот на Александар Васоски продолжува.

Во следното коло, Тиквеш ќе гостува кај Арсими, Брегалница ќе го пречека Вардар, а Силекс ќе се соочи со Башкими.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...