Тејлор Свифт ќе се испроба и во филмската уметност, ќе го режира својот прв филм

Date:

Disney, Netflix и Universal се натпреваруваа за правата за прикажување на концертниот филм Taylor Swift: The Eras Tour на нивните стриминг платформи, а Дизни победи, плаќајќи 75 милиони долари.

Според порталот World of Reel, ова не претставува крај на соработката меѓу Дизни и поп ѕвездата.

Имено, Свифт веќе подолго време планира да се пресели во филмските води, а тој момент е сѐ поблиску. Пејачката во декември 2022 година објави дека планира да сними филм за продуцентската куќа „Searchlight“ во сопственост на Дизни и ќе започне со снимање веднаш штом ќе ја заврши својата светска турнеја „Ерас“.

Свифт веќе го напиша сценариото за долгометражен филм кој самата ќе го режира. Познатата пејачка досега има режирано дури 18 спотови, а во 2021 година го напиша и режираше краткиот филм All Too Well: The Short Film, за кој многумина тврдат дека е инспириран од нејзината неуспешна врска со актерот Џејк Гиленхал.

Свифт веќе има добиено бројни признанија за нејзините режисерски потфати. Кинематограферот Родриго Прието рече дека Свифт е „одличен режисер“, додека режисерот на „Дедпул 3“, Шон Леви ја спореди со Стивен Спилберг.

Бидејќи Свифт ќе ја помине речиси цела 2024 година на турнеја, која ќе трае до 8 декември, продукцијата на филмот треба да започне или кон крајот на оваа година или на почетокот на следната.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...