ТЕЈЛОР СВИФТ ОСВОИ ГРЕМИ ЗА НАЈДОБАР АЛБУМ ПО РЕКОРДЕН ЧЕТВРТИ ПАТ, НАЈАВИ И НОВ АЛБУМ

Date:

Тејлор Свифт испиша историја на годинашните награди Греми, станувајќи првиот музичар кој четири пати ја освоил наградата за албум на годината. Таа претходно го држеше рекордот заедно со Стиви Вондер, Френк Синатра и Пол Сајмон.

Свифт ја прими наградата за албумот „Полноќи“ од Селин Дион, која неочекувано се појави во улога на презентер две години откако ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко заболување поради кое веќе не може да настапува.

„Би сакала да ви кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но еднакво среќна се чувствувам и кога завршувам нова песна, правам проби и се спремам за концерт. За мене, наградата е работата“, изјави Свифт, која претходно ја освои оваа награда и во 2010, 2016 и 2021 година.

Таа истовремено откри дека нејзиниот нов албум насловен „The Tortured Poets Department“ ќе излезе на 19 април.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...