Тејлор Свифт одржа концерт во Нешвил во рамките на турнејата Ерас и покрај лошото време кое го одложи концертот за четири часа.

Пејачката одби да го откаже концертот и на своите фанови им приреди незаборавна вечер, пеејќи на дожд до 2 часот по полноќ.

„Има еден елемент од турнејата што не можете да го контролирате, а тоа е времето“, се пошегува таа кога конечно излезе на сцената во 22 часот.

Таа пееше целосно мокра до 2 часот по полноќ, а социјалните мрежи беа преплавени со вирални снимки од концертот за паметење.

Обожавателите беа особено трогнати од нејзината изведба на песната Midnight Rain која ја отпеа на дожд, после полноќ.

Откако стигна веста дека концертот е одложен за неколку часа, нејзините верни обожаватели побараа засолниште од дождот и трпеливо чекаа да започне концертот.

“Тејлор го направи тоа затоа што чувствуваше дека им должи на своите фанови. Горда сум на неа, но таа сигурно се смрзнуваше”, напишал еден фан.