Тејлор Свифт е личност на годината на „Time“

Date:

Мегапопуларната американска поп пејачка Тејлор Свифт е личност на годината во изборот на магазинот „Тајм“, објави оваа публикација.

„Ова е моментот кога чувствувам најголема гордост и среќа досега, најкреативно сум исполнета и послободна отколку што некогаш сум била“, изјавила Свифт за магазинот.

Таа претходно доби слични признанија од магазинот „People“, кој ја прогласи за најинтригантна личност во 2023 година, како и од Форбс, кој ја прогласи за број еден на својата листа на најмоќни жени во светот на медиумите и забавата.

Новата милијардерка Свифт инаку има 33 години, 12 пати ја освоила наградата Греми и веројатно е на врвот на кариерата. Таа стана најстримуваниот уметник на платформата „Spotify“ на глобално ниво оваа година.

Според податоците на сервисот, песните на Свифт собрале повеќе од 26,1 милијарди стримови од почетокот на годината.

Инаку според традиција која датира од 1927 година, личноста на годината на Time ја претставува личноста, групата или концептот што најмногу влијаел на насловите, било позитивно или негативно.

Во претходните години тоа беа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, Мартин Лутер Кинг Џуниор, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, папата Франциско и активистката Грета Тунберг.

Личност на годината на Тајм за 2022 година беше украинскиот претседател Володимир Зеленски и „духот на Украина“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...