Легендарниот возач на Формула 1, Фернандо Алонсо, „одговори“ на гласините дека е во тајна врска со пејачката Тејлор Свифт.
Шпанецот објави видео во траење од 5 секунди на социјалната мрежа ТикТок на кое во позадина се слуша хитот на Свифт, „Karma“, а тој погледнува во камерата и намигнува.
„Ера на тркачките недели“, напишал 41-годишниот Алонсо во описот на објавата, алудирајќи на моменталната турнеја на 33-годишната Тејлор, наречена „The Eras“. Двократниот светски првак исто така се осврнал на нејзината песна „22“ така што на истата објава искоментирал: „Feeling 33“ (Се чувствувам како да имам 33 години).
Шпекулациите за нивната врска започнаа минатата недела на популарната Инстаграм страница „DeuxMoi“, која се обидува да ги разоткрие тајните врски на познатите.
„Тие се гледаат веќе една недела, но не се сериозни со оглед на тоа што и двајцата неодамна излегоа од врска“, стои во пораката објавена на стори на „DeuxMoi“.

За потсетување, Тејлор неодамна раскина со британскиот актер Џо Алвин по 6-годишна врска. Според пишувањата на странските медиуми, нивното раскинување било пријателско и „без никакви драми“.
„На нивната врска едноставно ѝ дојде крајот. Поради тоа Алвин не ни можеше да се забележи на нејзините настапи“, открил извор за „Page Six“.