ТЕТОВЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ПОЕНИ ЗА ТОА КОЛКУ ПАТИ И КАДЕ БИЛЕ КАСНАТИ ОД КУЧЕ СКИТНИК

Date:

Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест. За каснување се добиваат од пет до 15 поени, во зависност од тоа колку било силно. Ако ве каснало еднаш или повеќепати, повторно добивате од пет до 15 поени. Различен број поени се добиваат и за големината на претрпениот страв и за последиците на каснувањето.

Ова е само дел од правилникот што го издаде Општина Тетово, со кој се утврдуваат критериумите за висината на надоместокот што ќе го добијат граѓаните по каснување од куче скитник. Според него, секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари.

Правилникот е објавен на веб-страната на општината.

Исплатата ќе биде од буџетот на општината, а сумата ќе ја одредува посебна Комисија за надоместок на штета, во која, покрај вработени во општината, се и лекар трауматолог и лекар психијатар.

„Правилникот во кој е објаснета целата процедура е објавен на веб-страната на општината, заедно со барањето кое оштетеното лице треба да го пополни и достави преку архивата до Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета. Со ова, Општина Тетово им излегува во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурата за вакви случаи се поедноставува и се намалуваат, односно избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители, адвокати и така натаму“, соопшти Милена Вучевска од канцеларијата за односи со јавност на Општина Тетово.

Од Општина Тетово не соопштуваат колку пари досега им биле исплатени на граѓаните кои ја тужеле општината зашто биле каснати од кучиња скитници. Таа исплата досега одела преку Јавното комунално претпријатие, кое подолг период е во финансиска криза и со блокирана жиро-сметка, па многумина тетовци чекаат на исплата, а за дел од нив сè уште траат судските рочишта.

„Лани во февруари, кога излегував од работното место, за нога ме касна куче скитник. Имаше цела глутница кучиња. Ја тужев општината, но сè уште нема конечно решение за исплата. Спорот го добив, беше пресудена отштета од околу 90.000 денари, но општината се жалеше и сега спорот е на апелација“, вели Ана Марија Блажевска, жителка на Тетово.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...