Тетовскиот анестезиолог се товари за две дела – несовесно работење во службата и неовластено снимање

Date:

Откако прибавило докази, Основното јавно обвинителство Тетово до тетовскиот Основен суд поднесе Обвинителен предлог против лекарот-анестезиолог Ваљтон Дервиши кој во живо на ТикТок емитуваше видео од персонал и пациенти на кои им се пружала помош на гинеколошкото одделение во тетовската болница. Со тоа тој ги повредил нивните права.

Анестезиологот се товари за две кривични дела: Несовесно работење во службата, како и Неовластено снимање.

„Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“, соопштија од Јавното Обвинителство на Република Македонија. 

 Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Инаку Лекарската комора поведе постапка за времено одземање на лиценцата за работа анестезиологот, кој по скандалот доби отказ.

И министерот Меџити и од раководството на болницата изјавија дека имаат непотврдени информации за негово претходно несовесно однесување на работното место, но за тоа немало поведено постапка, зашто во болницата немало дисциплинска комисија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...