Тетовец нашол торбиче полно со пари и документи и го предал на полицијата, која брзо го пронашла сопственикот

Date:

Тетовец нашол торбичка во која имало пари во динари и во евра, банкарски картички, клучеви и лични документи. Тој ја предал на полицијата и побарал да го пронајде сопственикот и да му го врати загубеното.

Торбичката од невнимание му испаднала на скопјанец, кој патувајќи по автопатот кон Тетово застанал на бензинска пумпа. Полицијата веднаш почнала со потрага по сопственикот на торбичката и го пронашла за околу три и пол часа. Тој бил жител на Скопје кој патувал кон Охрид, најверојатно за дочек на Новата година.

„На 31 декември 2023 година во 10 часот и 45 минути на патролна служба пред влез на Тетово кај клучка Север ѝ пришло лице кое носело торбичка и информирало дека ја нашло на бензинска пумпа. По преземени мерки, полициски службеници околу 14 часот и 20 минути го нашле сопственикот и му го вратиле сето тоа. СВР Тетово ја поздравува постапката на тетовецот и апелира граѓаните да го следат овој пример“, велат од СВР Тетово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...

ВМРО-ДПМНЕ објави нови 8 кандидати за градоначалници на локалните избори

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Штип определи уште...