ТЕСТЕНИНИ СО РАКЧИЊА

Date:

Тестенините со морски плодови се неизоставен дел од менито на врвните ресторани. Пригответе ги сами и заштедете така што ќе искористите замрзнати ракчиња – ако ги зготвите во богат сос со путер и лук, ќе го добиете истиот луксузен вкус.

Состојки:

За 4 порции:

  • 250 г шпагети
  • 250 г замрзнати ракчиња
  • 3 лажици путер
  • 4 чешниња лук
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • 120 мл од водата во која се вареле тестенините
  • 1/2 мал лимон
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 2 лажици рендан пармезан
  • свеж магдонос за декорација

Приготвување:

1. Сварете ги шпагетите во посолена вода според упатствата на пакувањето. Пред да ги исцедите, зачувајте 120 мл од водата за сосот.

2. Ако користите замрзнати ракчиња, исчистете ги, исплакнете ги во студена вода, па исушете ги со хартија.

3. Во поголемо тенџере, стопете 2 лажици путер на средна температура. Додајте иситнет лук и црвен пипер, па пржете го 30 секунди додека почувствувате пријатен мирис.

4. Додајте ги ракчињата во тенџерето, зачинете со сол и бибер и пржете ги по 2-3 минути од двете страни, додека станат розови. Извадете ги ракчињата од тенџерето и тргнете ги на страна.

5. Додајте ги преостанатиот путер, зачуваната вода од тестенините и лимонов сок и кора. Мешајте и загревајте 1-2 минути.

6. Вратете ги ракчињата во тенџерето, додајте ги сварените шпагети и промешајте убаво. Посипете рендан пармезан и оставете сето тоа да се соедини уште некоја минута. Послужете ги тестенините со свеж магдонос и пармезан, по желба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Барса со победата над Реал до шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот...

Македонија ЃП и Работнички испаднаа од елитата

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...