Терористот од Чаир, Абдул Јашари, стана министер во Сирија, во Македонија се поврзува со масакарот кај Смилковско Езеро

Date:

Речиси два месеци Абдул Јашари од скопски Чаир е дел од новата влада во Сирија, а македонската јавност дозна откако информацијата беше објавена од страна на српски informer.

До позицијата стигнал како командант на екстремистичката група „Џемати Албан“, мала група составена од етнички Албанци од Македонија, од Косово, Албанија и други делови на Европа.

Пред да стане командант на „Џемати Албан“, важел за водач на „Фронтот Ал Нусра“, огранок на “Ал Каеда“ во Сирија.

Токму поради тероризмот тој е и на „црната листа„ на САД.

Телевизијата Телма пак објави дека во Македонија бил дел од истрагата за масакарот кај Смилковско Езеро во 2012 година кога беа убени четворица тинејџери и едно постаро лице.

Заштитен сведок го познал Јашари, но, полицијата и адвокатите од одбраната никогаш не го нашле на адресата во скопски Аеродром, ниту во Чаир каде е роден.

По масакарот Јашари исчезнал од Македонија и подоцна е утврдено дека е во Сирија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...