Австралиските власти пронајдоа остатоци од телото на исчезнатиот рибар во поголем крокодил. Кевин Дармоди последен пат бил виден во саботата во Кенедис Бенд, познато живеалиште на морски крокодили во Квинсленд. По дводневната потрага на теренот, полицијата еутаназирала два големи крокодили и пронашла човечки останки. Официјалните наоди за идентификација сѐ уште не се објавени, но властите наведуваат дека „потрагата по 65-годишниот маж завршила трагично“.
Дармоди бил искусен рибар. Неговите колеги не го виделе нападот, но рекле дека слушнале крик, а потоа и силен прскање. „Потрчав надолу, но немаше трага од него. Само облека на брегот и ништо повеќе“, рекол неговиот пријател Џон Пеити, како што пренесува Би-Би-Си.
Во понеделникот, во близина на местото каде последен пат бил виден 65-годишниот маж, полицијата еутаназирала два крокодила, едниот долг 4 метри, а другиот долг 2,8 метри. Во еден од нив биле пронајдени човечки останки.