Управата на театарот „Арчимболди“ во Милано го откажа настапот на балетанот Сергеј Полунин, кој го обожава Владимир Путин и има три тетоважи од неговиот лик, од која една е на градите.
Рускиот балетан требаше двапати да настапи во Милано на крајот на јануари следната година, на 28 и 29 јануари, но Италијанците одлучија дека тоа нема да биде можно поради бројните реакции на социјалните мрежи и во јавноста. Велат дека одлуката е донесена поради морална и политичка одговорност.
Управата на театарот истакнува дека е на страната на Украина, но дека угостила бројни руски уметници, како и групата „Пуси рајот“.
Инаку, Сергеј Полунин е поранешен директор на Кралската опера во Лондон.
Полунин е роден во Украина, а руски државјанин станал во 2018 година.
Во јуни во Узбекистан Сергеј Полунин во воена униформа изведе танц за паднатите руски војници. Узбекистанските власти тогаш изјавија дека отстапиле од договорената програма.