ТАТКО И СИН ОД БОГОРОДИЦА – дома чувале прилично многу оружје

Date:

Можеби биле ловџии, ама во својот дом чувале премногу оружје. 

Затоа и против нив обвинителството покренало истражна постапка, па сега едниот ќе оди во притвор, а за другиот има мерка куќен притвор. 

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син од селото Богородица, кои во своите домови неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција.

„При претрес во домот на синот била пронајдена една полуавтоматска пушка, една ловна пушка со 99 патрони, еден самострел со пет стрели, една воздушна пушка, како и уште 272 куршуми различна муниција. Кај таткото, пак, биле пронајдени една ловна пушка, една воздушна пушка, 140 патрони ловна муниција, 49 куршуми од различен калибар, една стрела за самострел и делови од оружје.

Двете лица се осомничени за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител за првиот осомничен достави предлог за определување мерка куќен притвор, а за вториот поднесен е предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и ги определи бараните мерки“, се вели во соопштението од Обвинителството. 

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...