ТАРАНТИНО ГО ПОДГОТВУВА СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ФИЛМ НАСЛОВЕН „ФИЛМСКИ КРИТИЧАР“

Date:

Квентин Тарантино го подготвува својот десетти и последен филм, чиј работен наслов е „Филмски критичар“ (The Movie Critic). Повикувајќи се на добро упатени извори, „Холивуд рипортер“ објави дека Тарантино ќе почне да го снима филмот наесен.

Деталите за филмот се држат во тајност, но изворите велат дека приказната е сместена во 1970-ите во Лос Анџелес и ќе се фокусира на женски лик. Постои можност дека филмот ќе биде за Полин Каел, една од највлијателните филмски критичарки на сите времиња, која почина во 2001.

Претходниот филм на Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, освои два оскара во 2020 и заработи 877 милиони долари на светско ниво.

Тарантино долго време кажува дека сака да сними само десет филмови и да се пензионира пред 60. година.

„Сакам да запрам во одреден момент. Режисерите не стануваат подобри како што стареат. Вообичаено, најлошите филмови во нивната кариера се оние последните четири“, кажа Тарантино во интервјуто за „Плејбој“ од 2012.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...