[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Машката репрезентација на Македонија в среда ќе го има првиот собир пред стартот на подготовките за претстојното Европско првенство.
Селекторот Кире Лазаров на списокот има 19 ракометари, од кои само тројца се интернационалци и 16 од домашното првенство.
Последни на националниот тим ќе му се приклучат Никола Митревски и Филип Талески, кои настапуваат во португалскиот шампионат.
Бенфика и Талески ќе играат на 20 декември на домашен терен со Виторија, додека Порто и Митревски имаат обврска на 21 декември – натпревар против Аванка.
Од оние кои играат во Супер лигата, сите би требало да се појават на првиот собир бидејќи ги завршија клупските обврски, како и Никола Костески од чешкиот Плзен, кој последниот натпревар оваа есен го одигра во неделата.
Македонските репрезентативци на 21 декември заминуваат за Стара Пазова, каде што ќе биде одработен првиот дел од подготовките и ќе се одигра мечот со Црна Гора, додека во Скопје ќе се одработи вториот дел и двата пријателски натпревари со јужниот сосед.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]