Тага во светот на кошарката: Почина НБА легендата Дикембе Мутомбо

Date:

Легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо почина на 58-годишна возраст по тешката борба со ракот на мозокот.

Кошаркарскиот џин со потекло од Конго помина 18 сезони во НБА играјќи за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси Нетс, Њујорк и Хјустон. Тој беше осумкратен Ол-стар учесник и четири пати најдобар одбранбен играч на годината. Засекогаш ќе остане запаметен по тоа што мафташе со показалецот („Нема да поминеш“) секогаш кога ќе запраше некого со „банана“.

По завршувањето на неговата играчка кариера во 2009 година се занимаваше со хуманитарна работа, а во 2015 година е примен во Куќата на славните. Тој се бореше со тумор на мозокот од октомври 2022 година.

Целиот спортски свет се збогува со поранешниот центар и член на Куќата на славните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...