Додадете многу свежа нане за да ја направите салатата особено освежителна и полна со миризливи ароми. Оставете ја во фрижидер кратко време пред сервирање, за да може кус-кусот да ги впие и спои сите вкусови.
Потребно:
- 200 г кускус
- 3 домати
- 1 краставица
- 3 млади кромидчиња
- 1 китка магдонос
- Шака свежи листови од нане
- 50 мл маслиново масло
- 50 мл сок од лимон
- Сол
- Црн пипер

Подготовка: Подгответе го кускусот според упатствата на пакувањето и оставете го целосно да се олади. Исечете го доматот и измиената краставица со кора на мали коцки, младиот кромид на тенки прстени, а ситно исечкајте го магдоносот и свежото нане. Измешајте маслиново масло, сок од лимон, сол и мелен црн пипер, за да го подготвите дресингот. Измешајте го кускусот со зеленчукот и билките, прелијте со подготвениот дресинг и внимателно измешајте. Оставете ја салатата во фрижидер околу 20 минути, а потоа послужете ја добро изладена.





