Норвешката новинарка Кјерсти Флаа, која сподели старо интервју со Блејк Лајвли од 2016 година, кое потоа стана вирално поради гласините за расправија помеѓу актерската екипа на It Ends With Us, повторно стана вирална на социјалните мрежи.
Овој пат поради интервјуто со Ен Хатавеј од 2012 година.
Интервјуто се одржа додека Ен го промовираше мјузиклот Les Miserables со Хју Џекман, Расел Кроу, Аманда Сејфрид и Еди Редмејн во главните улоги.
Кјерсти Флаа го објави своето интервју со Ен на Тикток и Јутјуб.
„Во ова видео сакав да ви покажам нешто навистина, навистина непријатно“, вели Кјерсти.
На почетокот новинарката ѝ вели на актерката, бидејќи филмот е мјузикл: „Мислев дека првото прашање треба да го направиме малку поинаку. Мислев да ти го отпеам, а потоа можеш да ми одговориш со пеење“.
Актерката тогаш ѝ одговорила: „Па, нема да го правам тоа, но ти можеш да пееш“.
Ова интервју веднаш ги подели мислењата за Тикток: „Ова е исто толку лошо како интервјуто на Блејк Лајвли“, „Таа е таков сноб“, „Некако ја сакав Ен Хатавеј“, „Не разбирам зошто е толку тешко на некои познати личности да бидат учтиви со новинарите кои искрено поставуваат прашања“, се само дел од коментарите.





