Сè поретко ја гледаме Бјанка Ценсори, но затоа е тука нејзината сестра

Date:

Ангелина Ценсори, сестрата на Бјанка Ценсори, повторно го привлече вниманието со провокативен изглед што го покажа на Инстаграм. Многумина забележаа дека нејзиниот стил е очигледно инспириран од Бјанка, позната по своите смели и често контроверзни модни избори.

Ангелина објави видео во кое заводливо позира во проѕирен фустан од брендот „Мирор Палес“, вреден 995 долари. Иако фустанот е целосно проѕирен, на „стратешките делови“ има бела чипка, па Ангелина не откри сè – за разлика од Бјанка, која на годинешните „Греми“ направи вистински хаос со својот екстремен аутфит.

Со ова издание Ангелина ги истакна своите дефинирани стомачни мускули и долгите нозе. Комбинацијата ја заокружи со кратка „боб“ фризура и минималистичка, нежна шминка.

И додека Бјанка со своите провокативни избори често предизвикува бурни реакции, Ангелина во коментарите доби само пофалби: „Ти си најубавата жена што сум ја видел“, „Опседната сум“, „Сакам ова да го носиш на нашата свадба“, „Какво е чувството да си вака згодна?“, „Изгледаш како супермодел“.

Видеото што го сподели во вторникот е всушност снимено во април, кога го прослави својот 21. роденден, а тогаш објави и низа фотографии во истиот впечатлив фустан.

Во последно време Ангелина станува се поприсутна на социјалните мрежи, додека нејзината сестра Бјанка, која од 2022 година е во брак со Канје Вест, речиси воопшто не се појавува јавно и подолго време нема нови објави. Иако ретко е видена, не се откажува од своите смели стајлинзи.

Минатата недела Бјанка беше фотографирана на аеродромот во Мелбурн, каде што прошета во црн трико и најлонки, со класични црни потпетици и торбичка од „Ермес“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кристијан Фабијани повеќе не е тренер на Вардар

По вчерашниот дебакл на дербито против Шкендија, во рамките...

УЕФА, АФК и КОНКАКАФ се здружија и испратија писмо до ФИФА: Фудбалот не припаѓа на едно лице!

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Азиската фудбалска конфедерација (АФК) и...

Запечен сутлијаш

Кога сакате побогат вкус, подгответе сутлијаш во рерна. Ќе...

A PART OF THE TRUTH OF ZUBOVCE, GOSTIVAR DISTRICT – PART II (15)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN The...