Сценариото на Харисон Форд од „Војна на ѕвездите“ продадено за околу 12.500 евра

Date:

Сценариото за филмот „Војна на ѕвездите“, кое актерот Харисон Форд го остави во својот стан во Лондон, беше продадено на аукција за 10.795 фунти (околу 12.500 евра) на колекционер од Австралија.

Сценариото е нецелосно, со страници во различни бои кои укажуваат на ревизии и вклучува сцени и ликови кои се исечени од финалната верзија на филмот.

Ја пронашла брачна двојка која за време на снимањето му изнајмила стан на Харисон Форд, пишува Гардијан.

Предметите биле криени 50 години во приватна куќа во Нотинг Хил, Лондон, а горните два ката биле изнајмени на Форд.

Покрај сценариото, Форд оставил зад себе и други предмети, вклучувајќи распоред за снимање, листа за повици и збирка белешки, кои беа продадени како пакет на купувач од Велика Британија за околу 5.600 евра.

Форд го толкуваше ликот на Хан Соло во научно-фантастичниот филм на Џорџ Лукас од 1977 година. Тој исто така глумеше во продолженијата на оригиналниот филм, Империјата го возвраќа ударот (1980) и Враќањето на Џедајот (1983), а се појави и во седмиот дел од серијата, Силата се буди, од 2015 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...