Суспендирана полската тенисерка Ига Швјонтек поради допинг

Date:

Ига Швјонтек, втората тенисерка на светската ранг-листа, доби еден месец суспензија поради користење недозволени супстанци.

Така, Агенцијата за заштита на интегритетот на тенисот (ИТИА) објави дека тенисерката од Полска ја прифатила суспензијата откако беше позитивна на забранетиот триметазидин (TMZ) за време на тестирањето во август оваа година. Примерокот е земен на 12 август, додека таа била известена еден месец подоцна.

Инаку, споменатата супстанца се користи како лек за срцеви проблеми, а го подобрува протокот на крв, поради што е на забранетата листа.

Една од најдобрите тенисерки на денешницата наводно немала намера да ги подобри перформансите, поради што следела ваква казна. Исто така, се додава дека таа веќе беше суспендирана во текот на септември и октомври кога не играше на азиската турнеја. Во текот на истрагата одлежа 22 дена од суспензијата и има уште девет до крајот, па нема да биде спречена да игра на Австралија опен.

Тенисерката се пожали и се слушна она што го презентираше, а за тоа јавно не проговори до крајот на сезоната.

Во 2024 година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на турнирот на Олимписките игри во Париз беше поразена од Женг од Кина. Во периодот од 6 ноември 2023 до 20 октомври 2024 година беше на првата позиција на ВТА листата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕНЧЕВ ИФРИТ: Папата Франциск кажа дека Македонците се различен народ од Бугарите

Бугарскиот новинар Велизар Енчев, кој е и поранешен пратеник...

Измамите на граѓаните преку пораки не престануваат

Онлајн измамите продолжуваат да ги загрижуваат граѓаните. Еден од...

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство меѓу двете земји

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во...