Актерот Хенри Кавил (40), познат по улогите во „Супермен“ и „Вештерот“, откри дека го чека своето прво дете со партнерката Натали Вискузо.
Тој ја потврди убавата вест на премиерата на филмот „Министерство за неџентлменско војување“ на Гај Ричи.
„Многу сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме многу, многу возбудени!“, изјавил актерот за „Аксес Холивуд“.
Актерот е во врска со Натали веќе три години, а во 2021 година тој на социјалните мрежи се пофали со видео на кое заедно играат шах. Тие беа заедно на црвениот тепих на премиерата на филмот „Енола Холмс 2“ во 2022 година.
Инаку, Натали работи како директор на холивудската телевизија и имаше мала улога во хитот на MTV „My Sweet 16“.