Идејата за основање на Суперлигата и понатаму постои, а денеска компанијата „А22“ која стои зад проектот објави ново име и нов план за натпреварувањето.
Во проектот од клубовите останаа само Реал Мадрид и Барселона, но и понатаму организаторите не се откажуваат и веруваат дека нивниот план може да се реализира.
Новото име кое го носи „Суперлигата“ е „Јунифај лига“ или „Обединета лига“.
„Јунифај Лигата“ ќе треба да брои 96 клубови кои ќе бидат поделни во четири лиги – на врвот ќе биде Стар (Ѕвезда) Лига во која ќе има 16 клубови, потоа ќе следи Голд (Златна) Лига во која исто така ќе има 16 клубови, потоа следи Блу (Сина) Лига со 32 клуба, а последна е Унион (Унија) Лига која исто така ќе брои 32 клуба.
Местото ќе се добива во зависност од пласманот во домашното првенство, додека натпреварите ќе може да се следат на стримиг платформа бесплатно.
Од компанијата информираат и дека е испратен допис до УЕФА и ФИФА со кој се бара признавање на новото натпреварување.





