СУДОТ ВО СТРАЗБУР ОДЛУЧИ ДЕКА ЈАНАКИЕСКИ НЕПРАВЕДНО БИЛ ПРИТВОРЕН, ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ПЛАТИ 6.100 ЕВРА ОТШТЕТА

Date:

Европскиот суд за човекови права и слободи ја објави пресудата во случајот на Миле Јанакиески против Македонија во врска со притворот за случаите „Организација на 27 април“  од февруари 2019 година и „Шпански скали“ од јуни истата година и во неа стои дека на поранешниот министер за транспорт и врски му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

„Случајот се однесува на два сета на кривични постапки против господинот Јанакиески, првиот за терористичко загрозување на уставниот поредок, и вториот за злоупотреба на службената положба, за време на кои му биле нарушена слободата со одлуки на домашните судови. Потпирајќи се на Членот 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, господинот Јанакиески поднесе жалба за наводни незаконитост и произволност, недостаток на релевантни и доволни причини и недостаток на брзо право на жалба на неговото лишување од слобода’, се вели во соопштението од Судот во Стразбур.

Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески. Од таа сума, 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...