Нов удар за македонската организација ОМО„Илинден„ во Бугарија. Окружниот суд во Благоевград ја одбил нивната жалба со која тие барале да се поништи решението со кое надлежните инстуции го одбиле нивното барање за регистрација. Судиите ја одбиле жалбата со што практично ОМО „Илинден„ останува нерегистрирана организација. Претседателот Кирил Тилев вели дека не се откажуваат, ќе вложат жалба до Апелациониот суд.
Тој појаснува дека секојдневно трпат силни притисоци од бугарските власти. Во пресрет на празникот Илинден, тие се подтготвуваат да заминат до местото Самоилова крепост, но Тилев вели притисокот е голем и утре наместо да тргне за Петрич, тој е повикан во полиција.
Инаку, Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги нарече неоправдани одбивањата од страна на судовите во Бугарија да регистрираат здруженија со цел да се постигне признавање на ‘македонското малцинство во Бугарија’“.
Пред еден месец, Стразбур ги повика властите во Бугарија да ги преземат сите мерки за целосно усогласување во однос на усвојувањето на потребните реформи со кои Агенцијата за регистрација ќе даде зелено светло за македонските здруженија.
Судот Стразбур има донесено 14 пресусди во корист на македонските здруженија за кои бугарските власти даваат отпор да бидат спроведени.