Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Date:

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95 повици во период од шест месеци во 2020 годинa.

Телефонската комуникација укажува на единствен можен заклучок, а тоа е прекршување на законската обврска за непристрасно применување на правото.

Поради ова обвинителката Елизабета Мишева Јованова побарала иземање на судијата.

Судијата Лазар Нанев воопшто не негира дека овие телефонски јавувања се случиле.

А ги оправдува со образложение дека обвинетиот Ванчо Кузманов имал поголем број на предмети во судот.

Точно е дека заради итноста на таа постапка може да се јави, но тоа се исклучителни случаи. Може да се случи еднаш, двапати, но 95 пати е апсолутно недозволиво.

Нанев денеска не се појави на расправата во Судски совет. Претседателката на Комисијата Лорета Георгиева рече дека Нанев поканата ја примил на 8 февруари. Тој претходно доставил докази и побарал да му се овозможи да ги повика претставниците на меѓународната и дипломатска заедница и невладините организации за да имаат увид „во ширењето лаги и невистини”.

Согласно законот, комисијата дополнително ќе донесе одлука дали судијата Лазар Нанев несовесно ја вршел функцијата по што е должна со допис да го извести за конечната и евентуална санкција, пренесува ТВ 21.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи...

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...