Судиската комисија го одби предлогот на КФМ, мак-кошарката останува „замрзната“

Date:

Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија се огласи со ново соопштение по повод штрајкот кој го одложува почетокот на домашниот плеј-оф поради долгови за судиски такси. 

„Почитувани, со намера да се држиме до аргументите и да ја поштедиме јавноста од долги соопштенија, сакаме да ве запознаеме со следните факти:

Македонските судии и делегати ги имаат најниските судиски такси во цела Европа. Федерацијата и клубовите ни должат над 1.710.000 денари по основ на судиски и делегатски такси и патни трошоци.

Согласно член 44.2 во пропозициите за натпреварување во младинските лиги, односно член 47.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, рок за исплата на трошоците на службените лица е 48 часа по завршувањето на натпреварот, нешто што е сериозно прекршено како обврска кон нас, како од КФМ така и од клубовите.

Последната уплата од КФМ е извршена на 18.1.2025 година (за Прва лига мажи) и на 1.2.2025 година (за Прва лига жени и Трета лига мажи). Поради ваквата состојба, одржавме состанок на ден 01.04.2025 на кој беа присутни речиси сите членови и донесовме ЗАКЛУЧОК за кој писмено ја известивме канцеларијата на КФМ и засегнатите клубови дека очекуваме исплата до 8.4.2025.

На состанокот беа поканети претседателот на КФМ Перо Антиќ и генералниот секретар Владимир Георгиевски, но не дојдоа. – На ден 08.04.2025 година, откако цела недела не добивме ниту став, ниту уплата од Федерацијата и клубовите, закажавме повторна средба на сите членови на Судиската организација на која дојде само претседателот на КФМ, Перо Антиќ,кој нè запозна со фактичката состојба, ги сослуша нашите ставови и изјави дека ќе ја почитува нашата одлука.

На состанокот кој продолжи зад затворени врати, беше донесена Одлука за престанок на судење и одложување на натпреварите сè до конечна исплата на сите наши побарувања, Делумно или парцијално решение, какво што вчера ни понуди КФМ, не е решение.

За жал, сумата која ја имааат на располагање и која беа подготвени да ја платат, не покрива ниту 40% од вкупните долгови, а не понудија ниту план за исплата на остатокот од долговите“, стои во соопштението на судиската комисија. 

Сагата продолжува, а јавноста секако очекува да се надминат овие недоразбирања кои очигледно ја кочат разврската за шампионската титула во домашните првенства.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...