Студентките се туширале, манијак ги снимал со скриен мобилен

Date:

Студентките во државниот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, се исклучително вознемирени откако деновиве од страна на претседателката на Советот на станари биле информирани дека во блокот А на 12 кат, станар во повеќе наврати правел фотографии на девојчиња додека се тушираат, со телефон поставен над параванот.

Завчера, околу 17 часот, станарот бил затекнат на дело, по што е реагирано во полиција и во управата на домот. При увидот, во неговиот уред беа пронајдени фотографии од повеќе станарки. Ги повикувам сите кои можеби забележале нешто сомнително или почувствувале дека се сликани додека се капат, да пријават, се наведува во групата на Вибер на студентскиот дом, наменета за оние кои престојуваат таму.

Нашата редакција се обрати во Министерството за внатрешни работи за да ја провериме оваа информација. Полицијата го потврдува вознемирувачкиот настан.

„На 16 октомври 2025 во 20 часот и 10 минути во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните. Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска станица, а одземени му се лаптоп и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сите гледаа во нејзините раскошни облини: многумина останаа без зборови

Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на модните критичари...

Објавен е трејлерот за последната сезона на „Емили во Париз“; главниот лик оди во Грција

Netflix објави трејлер за шестата и последна сезона од...

Кендал Џенер уживаше во романтичните моменти со момчето

Кендал Џенер и Џејкоб Елорди уживаат во романтични моменти,...

 Хју Џекмен ги воодушеви жените

Хју Џекмен покажа неверојатна физичка форма на една позната...