Струга ТЛ со два гола на Компаоре и еден над Радевски славеше над Тиквеш

Date:

По тимот на Силекс и екипата на Струга Трим Лум го продолжува максималниот ефект во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани ја остварија и петтата победа во исто толку одиграни натпревари. Тие денеска пред своите симпатизери славеа во дуелот со кавадаречки Тиквеш со 3-0.

Уште од самиот почеток стружани беа оние кои тргнаа поофанзивно. Создадоа неколку шанси, а најзрелата имаше Шабани кој во 24.минута излеза сам пред гостинскиот голман, но не успеа да реализира.

Во 35.минута по сугестија од ВАР собата, судијата Илиоски покажа на белата точка. Тоа по дуелот на Мојсов и Радевски во шеснаесетникот на гостите. Сигурен реализатор на најстрогата казана беше Компаоре, за водство на Струга ТЛ од 1-0.

Во вториот дел (52.мнута) капитенот Шабани се обиде во два наврати едно подруго, но резултатот остана не променет. Затоа пак во 58.,минута Компаоре со својот втор гол, а седми сезонава, зголеми на 2-0 за стружани. Конелните 3-0 за Струга ги поставо Марјан Радевски со голот во 78-мата минута.

Со по 15 бодови Силекс и Струга ТЛ за на првите две позиции, пред Вардар кој е трет со два бода помалку.

Потсетување дека на сите пет досега одиграни натпревари од оваа рунда победи остварија домашните екипи.

Ќе го сочуваат и максималниот ефект домаќините ќе видиме по последниот натпревар што се игра вечерва во Битола, а почна од 19 часот, а во кој Пелистер го пречекува Арсими.

Фудбалерите на Арсими се израдуваат на првата сезонска победа во Првата македонска лига, победа над Пелистер која е историска затоа што е прва за клубот во елитата на мак-фудбалот.

„Зелено-белите“ не ги искористија своите шанси во првото полувреме, па во вториот дел беа максимално казнети и на крајот доживеа и дебакл од 4-0.

Бесагиќ, Таипи, Шефити и Игнатов беа стрелци на погодоците со кои Арсими дојде до три бода или вкупно пет во досегашниот шампионат по пет кола.

ПМФЛ 5 КОЛО

недела
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 3-0
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 0-4
сабота
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 3-1
АП БРЕРА – ШКУПИ 1-0
петок
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...