Струга ТЛ остана не поразена во дербито со Шкендија, а Тиквеш се радуваше на првата победа

Date:

По шест одиграни натпревари, нема веќе екипи со максимален ефект во Првата македонска фудбалска лига. Откако вчера Силекс загуби од Башкими, денеска екипата на Струга Трим Лум одигра нерешено и освои само еден бод.

Струга Трим Лум – Шкендија

Дербито на колото се играше попладнево во Струга каде гостуваше шампионот Шкендија. Дуелот заврши без победник со по еден постигнат гол (1-1). Лошо прво полувреме одиграа двата тима, кој внимателно влегоа во натпревари, повеќе размислувајќи за сопствената мрежа. Само еден и тоа многу непрецизен удар беше упатен кон голот на гостите.

Затоа вториот дел донесе многу подинамична игра, а веќе во 53.минута беше отворен резултатот.

По брзата контра, Сенегалецот, Фабрис Самба имаше одлична заврница и и донесе предност на Шкендија од 0-1. Само девет минути подоцна (62) беше затресена мрежата на гостите од Тетово. Сепак по прегледувањето на ВАР снимката голот не беше признат, а резултатот остана не променет. На спротивната страна Ибраими од идеална позиција биеше непрецизно над голот. Затоа казна дојде во 78.минута кога Радевски од пенал го израмни резултатот на 1-1. Искусниот напаѓач Радевски уште еднаш ја затресе мрежата на гостите за голема радост на стружани. Сепак таа траеше само неколку минути, по што судијата Ќерими го поништи голот поради офсајд.

Тиквеш – Шкупи

Во Кавадарци, кај екипата на Тиквеш гостуваше составот на Шкупи. Само еден гол го реши победникот бидејќи на голот на чаирчани, Германецот, Гроте имаше дури 11 успешни интервенции. Тиквеш се израдува на првиот сезонски триумф со 1-0.

Домашниот тим беше оној кој тргна офанзивно од самиот почеток. По неколкуте шанси, беше искористена онаа во 27-мата минута. Грешката на гостинската одбрана ја казни Финецот, Берат Садик за водство на Тиквеш од 1-0.

И во вториот кавадарчани беа оние кои играа по офанзивно. Создадоа фудбалерите на Тиквеш уште 4-5 изгледни шанси за гол, но не ги искористија па резултатот остана не променет.

ПМФЛ 6 КОЛО
Денеска

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА 1-1
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-0
Утре
АРСИМИ – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Вчера
МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА 2-0
БАШКИМИ – СИЛЕКС 2-1

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...