Општина Струга донесе која донесе одредени реакции на друштвените мрежи. Имајќи предвид дека Струга е град покрај езеро и го посетуваат многу туристи, одлучија со објава на Фејсбук да забранат шетање низ градот во бикини и костими за капење.
Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и костими за капење во текот на целиот ден.
„Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори“, се вели во соопштението на општината.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ инфомираа дека никој нема право да поставува знаци во градот ако тоа не е наведено во програмите или усвоено со посебна одлука на Советот со образложение за причините.
Одлуката за поставување на овие знаци е објавена на официјалната фејсбук-страница на Општина Струга.
Граѓаните на Струга се поделени – едни сметаат дека е добро по шеталиштето да се почитува јавниот ред, други пак велат дека не смее да има ваква забрана вп тиристички центар како Струга.
Мерко од 20 јуни е на црната листа на САД поради сомневања за корупција и мешање во работата на судството.
Струга забрани шетање со бикини во градот
Date: