Стрип и Сејфилд ги откриле своите барања за да се вратат во хит мјузиклот „Мама Миа“

Date:

Мерил Стрип и Аманда Сејфрид откриле дека би сакале да работат на мјузиклот „Мама Миа 3“, но само доколку се исполнат одредени услови, пишувале „Deadline“.

„Отворена сум за било што“, изјавила Стрип за време на едно неодамнешно интервју. „Ќе морам да одам на операција на коленото пред снимањето, но доколку има идеја што ми звучи интересно, дефинитивно сум подготвена за соработка“.

Во првиот и вториот дел од мјузиклот, Стрип ја играше Дона, сопственичка на хотел во Грција и мајка на протагонистката Софи, која ја игра Сејфрид. Со оглед на тоа што Дона умира од рак во второто продолжение „Mamma Mia! Here We Go Again“, Стрип признала дека би глумела во третиот филм само доколку продуцентката смисли некоја добра причина да се врати нејзиниот лик.

„Ѝ реков на продуцентката Џуди Крејмер дека би се вратила во третото продолжение доколку смисли начин како да ја реинкарнира Дона“, изјавила Стрип. „Дона би можела да се врати и да каже дека не починала таа, туку нејзината сестра близначка, како во некоја од многуте сапуници“.

Крајмер имала други предлози. „Сè уште не знаеме што се случи со верзијата на Дона која ја отелотворила Лили Џејм. Ниту пак што се случило со Дона и Сем по првиот филм“.

Проблеми со буџетот

Аманда Сејфрид, пак, изјавила дека најголемиот проблем за третото продолжение е буџетот.

„Никој не вели не, но никој не вели ниту да“, раскажала Аманда. „Да бидам искрена, оние кои ги повлекуваат конците веројатно не можат да нè дозволат. Мразам да го кажам ова, затоа што знам дека ќе работев бесплатно на „Мама Миа 3“, но едноставно не сме во таква индустрија. Имам чувство дека третиот филм ќе се сведе на тоа дали студиото добро ќе нè плати“.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...